Тие се важни, свесни за своите квалитети и не допуштаат ниту стравот, ниту застарените стереотипи да ги спречат во остварувањето на целите.

Жените родени во месецот на Лавот потполно го оправдуваат својот знак. За нив зборот „не“ не е опција и ако е потребно ќе развиваат неколку месеци тактика за тоа како да го освојат посакуваниот фраер.

Иако на спротивниот пол лавиците им делуваат како премногу нападни и агресивни, тие едноставно знаат што сакаат, а поради нивната отвореност сите знаат какви им се намерите.

unsplash
unsplash

Лавиците се доста вешти во флертување и точно знаат како и кој маж да го импресионираат и затоа во својот освојувачки поход имаат многу среќа.

Тие не сакаат да размислуваат за иднината и за тоа што би можело да се случи. Лавиците живеат во моментот и она што го сакаат го остваруваат веднаш, без одложување и лажна скромност.