Жените во американската војска ќе можат да се дотеруваат според новите правила откако Пентагон објави дека американските жени војници ќе можат да ја пуштат косата, да ги лакираат ноктите и да носат обетки.

Ревизијата на политиката на дотерување во војската го зголеми бројот на дозволени фризури, вклучително и пуштање долга коса. Во минатото, жените морале да ја врзуваат долгата коса во пунџа, а многумина се жалеле дека таквата фризура им е неудобна под кацигата.

Profimedia

Според новите правила, долгата коса мора да биде во опашка или плетенки на тренинзите и во тактичките ситуации.

Црните жени сакале да имаат повеќе опции и да негуваат повеќе стилови. Сега ќе можат да комбинираат два стила одеднаш. Што и да одберат, лесно треба да се вклопи во борбениот шлем. Жените што сакаат да ја избричат главата, како што прават војниците, исто така ќе можат да го сторат тоа. Досега тие мораа да одржуваат минимална должина на косата.

Profimedia

Жените војници ќе можат да имаат лак на ноктите и кармин на усните на работа, но не во бои што се сметаат за екстремни, какви што се сина, црна, црвена, виолетова и флуоресцентна. Екстремно долгите или зашилени нокти не се дозволени.

Слично е и со боењето на косата, која треба да изгледа што е можно поприродно, па затоа е забрането боење на косата во розова, зелена и сина боја. Малите обетки се дозволени, но забрането е да се носат за време на обука и во борбите.

Измените се резултат на ревизијата лани спроведена од поранешниот министер за одбрана Марк Еспер, делумно поради истрагата за расната дискриминација и малтретирањето на малцинствата во војската.

Profimedia