Хамди Нухију
Дневниот билтен на Република Северна Македонија која што е презентирана преку Министерството за Внатрешни Работи е главниот извор на Црната Хроника. Но не само на Црната Хроника туку и дел од дневните разговори дома, во училиште, во кафулиња, во работа, во автобус, и така натаму. Во дневниот билтен се презентираат настаните на денот кои што се случувале ширум земјава и со кои се занимавала македонската полиција. Таму можеме да најдеме различни прекршочни дела, но и постојат многу сомневања дека дел од дневните настани кои што се случуваат во Република Северна Македонија се прикриваат.
Во дневниот билтен се презентираат различни судири со и без човечка оштета, тепања, уценувања, крадење, трговија со оружје и дрога, различни мали деликвенции во училиштата, но може да констатираме дека и има различни намерни уметнувања и произведување на говор на омраза, и прикажување на “ послабиот “ во многу лоша слика. Кога сме кај “ послабиот “, дневниот билтен како извор, и Црната Хроника како промотор за жал честопати ја угнетува жената, девојката, мајката, бабата, ќерката во слика која што не и доликува.
Многу е интересно да се разбере начинот на кој се прикажуваат жените во медиумите. Ова тема е истражувана од многу теоритичари и теоритичарки.
Лора Малви, една од главните теоритичарки на феминизмот и на теоријата “Male Gaze” во есејот со наслов Визуелно задоволство и наративен филм, меѓу другото пишува:
Жената во патриаркалната култура е поставена како означување на другиот од мажот, врзана на симболичен начин во форма каде што мажот може да уживува во неговата фантазија и опсесија, каде што сликата на жената е врзано со своето место како носител на значење а не како креатор на значење. (Женске Студије бр.8/9 )
Во еден друг дел од истиот есеј, Лора Малви, за жената пишува дека во еден свет што е нерамноправен, задоволството во гледање е поставено како проекција на фантазија на машки поглед кон женската фигура. Малви се согласува со констатацијата дека жената прикажана во еротска форма причинува гледаност.
Сузан Даглас, друга теоритичарка која што се занимава со фенимизмот во есејот со наслов Медиумите, Родот и Феминизмот, се занимава со прашањата на реакцијата и рефлексијата на жените феминистки кон лошото прикажување во медиумите.
Таа во едно место пишува:
Зачудувачки е што првиот официјален феминистички протест кон крајот на 1960-тите во САД беше насочен кон една од најгледаните телевизиски програми; вториот бран феминистки започна со Бети Фрејдан во „ Feminine Mystique “ (1963), со неговото појавување од масовните медиуми како централен култ во промовирање и преобликување на сексистички идеи за жените. Во 1970 година, годината кога американските феминистки поминаа единаесет часа во „The Ladies Home Journal“ во знак на протест против ретроградните појави на жените, жените ги тужеа магазинот „Newsweek“ и „Times“ поради сексуална дискриминација; “Жените штрајкуваат за еднаквост “ во август започнаа театарска претстава со потсмев на објективноста или сексуалната застапеност на жените, стана јасно дека критиките кон медиумите премолчено станаа столб на феминизмот.[1]
Начинот како се прикажуваат жените во медиумите прилично е исто како трговците ги употребуваат бананите во пазар. Тие преку бананите се обидуваат да ги продаваат и другите продукти. Иако знаат дека од продавањето на бананите имаат многу малку профит.
Точките седум, осум и и десет на Кодекс на Новинари на Македонија вели:
Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
На 09.02.2021 година во Црна Хроника во порталот Курир се објавил веста со наслов :” Со закана ограбил деловен објект, вработената морала да му даде пари”.
На 09.02.2021 година во Црна Хроника во порталот Макфакс се објавил веста со наслов : “Автомобил удри жена кај Католичка црква”.
На 09.02.2021 година во Црна Хроника во Сител телевизија се објавил веста со наслов :” Скопјанка го пријавила својот шеф – тврди дека ја вознемирувал и уценувал”.
На 09.02.2021 година во Црна Хроника во весникот Lajm(Лајм) се објавил веста со наслов:” Македонија, полицијата ја наоѓа супер девојката со 60 факе профили во Фејсбук, таа стигнала да диворцира парови” .
Сите овие наслови зборуваат за жената : жената како жртва на ограбување, жената како жртва на судир, жената како жртва на сексуално вознемирување на работното место, и жената во улогата на уценувач. Сите овие наслови изворот го имаат во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.
Дали јавноста треба да знае дека е жена таа која што беше ограбувано, која што беше прегазена, сексуално уценувано и уценувач? Зошто во насловите треба да се истакнува половиот идентитет на субјектот?
Др Дона Колар Панов (2021), универзитетска професорка, во презентацијата со наслов Родот и медиумите ја појаснува улогата и врската на медиумите. Зошто медиумите се медији, бидејќи тие интервенираат во нашето видување за реалноста. Тие, според професорката Панов се врзани циклично во форма на Продуценти-Реалност-Текст-Јавност.[2]
На ваков начин на прикажувањето на жените во медиумите, особено преку Црната Хроника се креира една слика на паника за жените. Тие не треба да работат, затоа што жените се ограбуваат, не треба да излегуваат на улица, затоа што можаат да бидаат жртви на судир и жртви на сексуално вознемирување на работното место.
За ваквиот начин на прикажување на жените во медиумите одговорност немаат само новинарите и медиумите, туку и институциите на системот, односно Министерството за внатрешни работи.
Користена литература:
- Malvi, L., 2002. Vizuelno zadovoljstvo i narativni film. u: Uvod u feminističke teorije slike. Beograd: Centar za savremenu umetnost, pp.189-200. ( објавувано во https://www.zenskestudie.edu.rs/izdavastvo/elektronska-izdanja/casopis-zenske-studije/zenske-studije-br-8-9/212-vizuelno-zadovoljstvo-i-narativni-film?fbclid=IwAR1X60rDIaq6hMNUy9cuB6JavNJMJPGmXCXybBGdYAqRNV15D0wGDlEBdwo )
- Susan J. Douglas “Media, Gender and Feminism” ,CH 3 in James Curran and David Hesmondhalgh (eds) (2019) Media and Society, 6th Ed., Bloomsbury Academic: New York; London,pp. 37-56
Извори од интернет:
1. Are women still objectified? | Laura Mulvey Male Gaze theory explained! ( објавувано на 05.10.2016 година во https://www.youtube.com/watch?v=yl2Eh8swrEs&ab_channel=TheMediaInsider)
- Maqedoni, policia zbulon “super-femrën” me 60 profile në facebook, ka arritur të divorcojë disa çifte! (Foto) ( објавувано на 09.02.2021 година во https://lajmpress.org/maqedoni-policia-zbulon-super-femren-me-60-profile-ne-facebook-ka-arritur-te-divorcoje-disa-cifte-foto/?fbclid=IwAR0i5Q-DPB5O1lJw8tcVDhUW5Mg6ZmTIPZVF0PJLif-DL8IaHgThsvJkl28 )
- Дневен билтен ( објавувано во https://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/ )
- Кодекс на Новинарите во Македонија ( објавувано во https://znm.org.mk/kodeks-na-novinarite-na-makedonija/ )
- Со закана ограбил деловен објект, вработената морала да му даде пари ( објавувано на 09.02.2021 година во https://kurir.mk/makedonija/hronika/so-zakana-ograbil-deloven-objekt-vrabotenata-morala-da-mu-dade-pari/?fbclid=IwAR0nDyAhUcDRoWEAQlozFOV01PBfYv15Drta1tEKW9_6BaKbfRGYRjpK3Kc )
- Автомобил удри жена кај Католичка црква ( објавувано на 09.02.2021 година во https://makfax.com.mk/crna-hronika/%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB-%D1%83%D0%B4%D1%80%D0%B8-%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D1%86%D1%80%D0%BA/?fbclid=IwAR3OgL68bTHe- )
- Скопјанка го пријавила својот шеф – тврди дека ја вознемирувал и уценувал ( објавувано на 09.02.2021 година во https://sitel.com.mk/skopjanka-go-prijavila-svojot-shef-tvrdi-deka-ja-voznemiruval-i-ucenuval?fbclid=IwAR2OB6-EHSiv2GzgsH0I5R8ousMW5yCLxUAxtJEj6iZ16LQOJMOhE7ubkS8 )
Друго:
- Gender& Media ISSHS Prof. Dr. Dona Kolar-‐Panov 6 February 2020
[1] Susan J. Douglas “Media, Gender and Feminism” ,CH 3 in James Curran and David Hesmondhalgh (eds) (2019) Media and Society, 6th Ed., Bloomsbury Academic: New York; London,pp. 37-56
[2] Gender& Media ISSHS Prof. Dr. Dona Kolar-‐Panov 6 February 2020 стр.5