Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо Гаго се најде во центарот на секс -скандал.
Поранешниот аргентински репрезентативец беше фатен од неговата сопруга додека имал секс со својата љубовница во спалната соба на нивната семејна куќа, и да биде уште полошо – таа беше најдбрата пријателка на неговата сопруга.
Жизел Дулко, поранешна тенисерка, беше шокирана, пред се затоа што љубовница на нејзиниот сопруг всушност беше нејзината голема пријателка Вероника Лафит. Уште повеќе, нивните деца одеа заедно на училиште, постојано се дружеа, но фудбалерот очигледно не се грижеше за тоа.
Сега е сигурно дека Гаго ќе се разведе од Жизел по една деценија брак, на кого ќе му биде тешко да ја совлада таквата болна измама. И двајцата во моментов се без коментар, а сопругата на Гаго, наводно, ги запишала децата во друго училиште само за да избегне средба со Вероника.
Гаго и Жизел се во брак од 2011 година и имаат три деца заедно. Таа денес има 36 години, а зад неа освои четири ВТА титули во сингл и 17 во двојки. Таа беше најдобро рангирана во ноември 2005 година, кога беше 26 -та во светот.
Се разбира, нејзиниот сопруг е далеку попознат во светот на спортот поради годините поминати во шпанскиот гигант Реал Мадрид.
35-годишниот играч одигра 61 натпревар во дресот на Аргентина од 2007 до 2017 година и ја претставуваше својата земја на Олимпијадата во 2008 година и на Светското првенство во 2014 година.