Пред натпреварот Јанг Бојс – Манчестер Јунајтед (2:1) во Лигата на шампионите во вторникот вечерта, Кристијано Роналдо нокаутираше еден чувар на стадионот.

За време на загревањето, Роналдо стрелаше покрај голот, а силен удар го погоди еден од редарите, на кого веднаш истрчаа да му помогнат, а меѓу оние што дојдоа да и помогнат беше и самиот Португалец.

Таа доби подарок дрес на Роналдо по натпреварот, а сега откри дека ова не била прва средба со sвездата на Манчестер Јунајтед.

„Кога играше за Реал Мадрид, се заврши со пцуење. Не знаев кој е“, изјави Мариса Нобиле, опишувајќи конкретно што се случува.

„Му реков дека натпреварот е завршена и луѓето не заминуваат бидејќи тој се уште трчаше низ теренот. Продолжи да оди, а јас бев уморна. Ми рече да разговарам со тренерот. Се вратив и му реков, ‘Ќе престанеш? Или не? Ова е Швајцарија, мили!’. Ми рече каде да одам, а јас му реков дека е груб“.

Таа тврди дека не го сакала Португалецот како таков, туку дека ја воодушевил сега кога истрчал на помош и конечно и дал дрес.

„Сега сум негов најголем фан“, призна таа.