Жителка на село Долно Српци, во битолскиот регион, завршила во болница со повреда од воздушна пушка додека работела на нива.
Според информациите од полицијата, во четвртокот околу 15:30 часот, во Клиничката болница во Битола била примена 54-годишната Д.М. со повреда во пределот на главата. Таа им објаснила на полицајците дека додека работела на нива помеѓу селата Долно Српци и Вашарејца, слушнала звук налик на истрел, по што почувствувала болка и забележала дека е повредена.
Увидна екипа на СВР Битола извршила увид на местото и потврдила дека повредата најверојатно потекнува од воздушна пушка.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.
Текстот Жена од Битолско ранетa со воздушна пушка додека работела на нива е превземен од МАКФАКС.























