СОСТОЈКИ

– 1 л свежо млеко
– 200 мл слатка павлака
– 1 шолја шеќер
– 600 г овошје по избор
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 2-3 кесички желатин

ПОДГОТОВКА

Растворете го желатинот во вода по упатството од кесичката. Во исто време млекото сварете го со слатката павлака, засладете го со шеќерот и на крај додајте ја ванилата. Тргнете го садот од оган и внатре додадете го желатинот, па мешајте да се раствори, но внимавајте да не е премногу врела смесата. Оставете ја да се излади, но да не се стврдне. Во неа додајте го овошјето сечкано на парчиња, измешајте и префрлете ја во поголем сад за куглоф или во помали калапи. Нека се стегнат во фрижидер и потоа превртете ги на чинија и послужете со екстра овошје одозгора.