Температурите се искачија до 40 степени, а некои немаат ни вода за пиење! Ова е селото Желино кое преку ден нема воопшто вода, а жителите полнат вода од бунарите или јавните чешми. Велат дека цел месец се во ваква состојба, јавува ТВ 21.

Тие што имаат бунари имаат вода, тие што немаат , се на општината, немаат вода, тоа е нешто што е стопирано два, три месеци. Го средија, сега општината е во долгови и не може да си ги плати долговите и за тоа нема вода. Полниме едни од кај други, за бањање, за пиење, колите ги переме едвај малку, некој не ја кажува вистината, се плашат од партиите, не е за плашење, бидејќи проблемот со водата е поголем проблем.

Така не мисли директорот на јавното комунално претпријатие Суад Алили. Тој пред камерите одби да даде објаснување зошто Желино останало без вода, туку само ни кажа дека ако сакаме можеме да објавиме дека „има вода во Желино“.

-Дојдовме и во општина Желино да прашаме зошто село Желино е еден месец без вода за пиење, но општината не сака да зборува за Телевизија 21, инсистираат дека во општина Желино има вода за пиење.

Општина Желино со вода за пиење се снабдува преку бунари и пумпи, а дефектот на пумпите за вода значи дека ова село со денови останува без вода за пиење.