Папата Франциск беше пред сè исклучителен човек, исклучителен духовник, исклучителен проповедник. Проповедаше мир, правда, еднаквост и братство меѓу луѓето. Се залагаше за оние што страдаат, за сиромашните, за децата, за жените. Сакаше Црквата да биде меѓу луѓето, да се проповеда за луѓето, за сите проблеми што ги има човештвото во моментов. Тој се залагаше за болката на денешницата. Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Желјазков по завршетокот на погребната церемонија за папата Франциск во Ватикан, на која присуствуваа поголем број светски лидери, јавува Трибуна.

Премиерот Желјазков потсети на молитвата за мир на папата Франциск за време на неговата посета на Софија во 2019 година. Ги истакна и неговите квалитети како државник и дипломат. „Во срцата и умовите на луѓето, тој ќе остане со благиот карактер и со делото кое го остави“, додаде Жељазков. Тој уште потсети дека папата Франциск беше „исклучителен пријател на Бугарија“. „Не е случајно што за време на мисата чувте како сите се молат Свети Кирил и Методиј да се застапат за него“, додаде премиерот.

„Папата Франциск се обиде да ги разбие мразовите и да направи религиите да зборуваат на „еден јазик“, истакна отец Иван Иванов, црковен администратор на бугарските православни заедници во Италија и Малта и претседател на БПЦО „Свети Седмочисленици“ во Рим. Тој, исто така, потсети на посетата на папата во Бугарија и неговата почит кон верскиот мир во земјата.