Бугарија верува дека Северна Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија врз основа на сопствен придонес, вели претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков во интервју за БГНЕС.
„Сметаме дека ќе ги исполнат условите за членство и не треба да губат време, бидејќи тоа може да се претвори во скептицизам. Потребни им се брзи одлучувачки акти и дефинитивни одлуки без да ја бараат причината надвор од себе. Многу е важно причините, намерите и успесите да бидат нивни“, наведува Желјазков за бугарската новинска агенција.
Тој истакна дека за Бугарија е важен условот што го постави Европската комисија за уставната промена, со која, како што се вели во интервјуто, Бугарите треба да бидат вклучени како државотворен народ во Уставот на земјава.
„Ова е апсолутен предуслов за почеток на преговорите. Ова не е наше билатерално прашање, тоа е услов кој е поставен и евидентиран во условите за почеток на преговорите, кој го следи Европската комисија (ЕК)“, додава претседателот на Народното Собрание на Бугарија.
Желјазков вели дека ставот на Бугарија не е поврзан со поставување услови или попречување на самиот процес.
„Условите ги постави ЕК и за нас е важно тие да бидат исполнети бидејќи се поврзани со правата на Бугарите во РСМ“, вели тој.