Бугарскиот премиер изрази сочувство до семејствата на жртвите.
Утре – вторник, 18 март, во Бугарија ќе биде прогласен за Ден на национална жалост како израз на солидарност со нашиот најблизок сосед на Балканот. Ова го соопшти премиерот Росен Желјазков во врска со трагичниот инцидент во градот Кочани, во кој во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Бугарскиот премиер изрази сочувство до семејствата на жртвите.
14 од повредените се пренесени во медицинските установи во Бугарија.
„Во вакви моменти најважно е да се покаже емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште настрадани“, рече Желјазков.
Обезбедивме услови и роднините на настраданите да пристигнат овде и да бидат во контакт со нивните роднини, додаде премиерот.