Клиниката „Жан Митрев“, би можела да ги намали цените, но дали ќе го направи тоа и за колку, ќе биде познато денеска, додека „Систина“ одбила бидејќи ѝ било економски неисплатливо.
Ова го кажале од приватните болници на вчерашната средба со министерот за здравство Венко Филипче.
-Иако апелирав тоа да се направи затоа што е криза, затоа што е пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од ’Систина‘ јасно ни кажаа дека тоа не може да го направат заради тоа што немале економска логика, изјави Филипче.