Жалфијата е едно од најпознатите обележја на Медитеранот, билка со многу лековити својства, која одамна ја има на овие простори.
Таа е еден од сестраните зачини во медитеранската исхрана. Одлично се комбинира со различни видови месо и риба, може да се пржи, похува, да се користи во чаеви. Кога печете пиле, ставете ја под кожата пред печење или додадете ја кога готвите телешко. Задолжително додајте ја во супа и бујон или за да ароматизирате печени филети од риба.
Можете да ја додадете во салати, а поради јачината на нејзините етерични масла одлична е за маринади.
Со нејзе можете да ароматизирате разни масла и путер кој ќе го користите при термичка обработка, но и во финиширање на готови јадења. Добро се комбинира со зеленчук, а најдобра е со тиква во разни комбинации.
Иако жалфијата е растение самоник, денес се наоѓа и одгледана во домашни услови, што ја прави достапна во текот на цела година.
Жалфијата нема само гастрономска употреба, многу е здрава и се користи во фармацијата заради лековитите и козметичките својства.
Добра е за ублажување на кашлица или болки во грлото, извонредна е за болести и испирање на усната шуплина. Исто така, помага во топење на масното ткиво, односно при топење на целулитот. Има силно антисептичко дејство и го зајакнува имунитетот на организмот.