Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јуни денеска се бележи на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Брегалница кај Штип, како и на Црна Река кај Новаци.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, потпросечно е нивото само на реката Брегалница кај Берово.

Податоците на УХМР покажуваат дека водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за јуни.