Кај бројот на починати лица во Македонија лани е забележан благ пораст од 0,1 процент во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според извештајот, лани починале 20.201 лица, од кои 10.604 се мажи (52,5%), а 9.597 жени (47,5%).  Се забележува дека мажите, во просек, умираат 4 години порано од жените. Просечната возраст на починатите мажи е 71,9 години, додека кај жените таа изнесува 76,8 години.

Водечка причина за смрт с болестите на циркулаторниот систем, кои се причина за смрт кај 36,7% од вкупно починатите.  Следна причина се неоплазмите (малигни болести) со 19,6%, а потоа ендокрините, нутритивните и метаболичките заболувања со 7,7%. Болестите на респираторниот систем сочинуваат 4,1% од вкупните случаи.

Минатата година се регистрирани и 47 смртни случаи кај доенчиња, што претставува 0,2% од вкупниот број починати.

Текстот Зголемена стапката на морталитет во Македонија, жените живеат подолго од мажите е превземен од МАКФАКС.