Кога се играше Светското првенство во Бразил, еден фудбалер експлодираше. Во тој момент и во следните месеци, беше најдобрата „десетка“ на светот според многумина.
Џејмс (Хамес) Родригез навистина се истакна во дресот на Колумбија. Го постигна и најубавиот гол на турнирот во осминафиналето против Уругвај. Одличните игри му донесоа трансфер од дури 75 милиони евра во Реал Мадрид.
Одигра одлично на почетокот, но двогодишната позајмица во Баерн му одговараше, а по враќањето во Реал значеше дека едноставно мора да бара излез.
Во летото 2020 година, пристигна во Евертон бесплатно. Стартот беше феноменален, воодушеви со своите потези, голови и асистенции. Меѓутоа, во пролетта започна падот.
На крајот на сезоната, практично е отпишан од Карло Анчелоти, кој го „вадеше“ неколку пати во кариерата. Со доаѓањето на Рафа Бенитез, тој дефинитивно беше пречкртан на Гудисон парк, а во меѓувреме го загуби статусот на репрезентативец на Колумбија.
Во август, ја шокираше јавноста со изјавата дека навистина не знае со кого игра Евертон, што најдобро покажува каков е неговиот моментален статус.
Родригез се уште не се вратил во Ливерпул. Моментално се наоѓа на Ибица каде живее удобен живот и остава впечаток на поранешен фудбалер кој одлучи да ужива во животот во потполност.
Цигара во уста, убави жени околу него, пријатели, море и скапа јахта. Се чини дека колумбискиот ас најде начин за да најде излез од кризата.
Тој треба да се врати во Англија оваа недела. Сепак, скандалозните фотографии објавени од „Сан“ дефинитивно ќе ја искомплицираат неговата ситуација. Го чека чека карантин, освен ако не е вакциниран.
Врзан е за популарните „Карамели“ со договор до летото 2022 година. Загарантирана му е одлична заработка барем уште десет месеци, па поради тоа се чини дека не се грижи премногу зошто не игра.