Магомедгаджи Нуров во борбата за пласман во полуфинале на боречкиот Олимписки турнир загуби од кубанскиот шампион Ринерис Салас Перез со резултат 6:4!

На почеток на борбата, Нуров имаше одличен зафат, но кубанскиот борач изведе против акција и доби 4 поени.

Во втората рунда, Нуров тргна на се или ништо и за кратко време имаше два одлични зафати за кои доби по два поени и изедначи на 4:4.

На околу 20-ина секунди пред крајот на борбата Нуров тргна во акција, но повторно кубанскиот борач изведе против зафат и доби два поени кои му беа доволни да извојува победа против најдобриот македонски борач.

Нуров и покрај поразот имаше шанса преку репасажот да се бори за бронза, но само доколку Кубанецот Салас обезбедеше пласман во финалето.

Меѓутоа Абдулрашид Садулев кој беше голем фаворит не дозволи изненадување и го победи Кубанецот со 4:0 така згасна и последната шанса за Нуров.