Пратеникот од редовите на Беса, Фадиљ Зендели кој воедно е потпретседател на Собранието, за „Слободен печат“ вели дека можноста за вметнување на етничката припадност во личните карти ќе се однесува само за оние граѓани што се припадници на заедниците опфатени со Преамбулата на Уставот.

Тој е убеден дека измените на законот за лични документи ќе биде усвоен и покрај тоа што партијата Левица поднесе 1200 амандмани. Тој додава дека овој предлог закон е коалициски договор со СДСМ, кои пак поднеле три амандмани.

 

-Ова е став што е усогласен за време на постигнувањето на коалицискиот договор. Сепак, мора да се напомене дека ова е опција и ништо не е задолжително, ќе има избор, никому нема да биде наложено да мора да се произнесе за неговата етничка припадност, изјави Зендели