Иако оваа година на црвениот тепих на Оскарите не ги видовме главните ѕвезди како Никол Кидман, Кејт Бланшет и Шарлиз Терон, младата актерка Зендаја Колман се покажа како нивен достоен наследник.

Со својот храбар моден избор за доделувањето на најпрестижните филмски награди, Зендаја со жолтиот фустан од брендот „Валентино“, несомнено ги освои модните критичари.

Во улога на презентерка на Оскар, ѕвездата од серијата „Euphoria“ на „HBO“ стана една од најдобро облечените актерки на овогодинашното издание на Оскарите, а за нејзиното беспрекорно издание уште еднаш се погрижи нејзиниот близок пријател и долгогодишен моден стилист Ло Роуч.

Младата ѕвезда која веќе има блескава кариера, минатата недела ја воодушеви јавноста со изборот на винтиџ фустан од „Ив Сен Лоран“ на доделувањето на наградите „NAACP“.

Жолтиот фустан за доделувањето на Оскарите, Зендаја го искомбинирала со скап ѓердан од марката „Булгари“ кои воедно ја одбраа за заштитно лице на својот бренд.