Желбата на Џејмс Харден да си замине од Хјустон, конечно му се оствари откако вечерва „ракетите“ се согласија да го разменат во Бруклин нетс.
За да се реализира размената според прописите на НБА лигата, вклучени се уште два тима, Индијана пејсерс и Кливленд кавалирс.
Харден заминува во Бруклин, а Хјустон ги добива Виктор Оладипо, Данте Ексум, Родионс Курукс, и четири пика од драфтот од Бруклин. Во Индијана одат Карис Леверт и избор од втората рунда на драфтот, додека Кливленд ги добива Џарет Ален и Тајрон Принс.
Sources: Full current trade:
Rockets: Victor Oladipo, Dante Exum, Rodions Kurucs, 3 BKN first-rounders (22, 24, 26), 1 MIL first (22, unprotected), 4 BKN 1st round swaps (21, 23, 25, 27)
Nets: James Harden
Pacers: Caris LeVert, 2nd-rounder
Cavs: Jarrett Allen, Taurean Prince
— Shams Charania (@ShamsCharania) January 13, 2021
Со пристигнувањето во Бруклин, „мрежичките“ стануваат инстант фаворити за титулата бидејќи Харден им се приклучи на Кевин Дурент и Кајри Ирвинг со што се формира нова голема тројка во НБА лигата.