Телеметриската сеизмолошка мрежа на Северна  Македонија,  одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, 31.7.2022 година, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 26 километри североисточно од Скопје во Косово.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 8 часот и 28 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2,8 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.