Се стресе Грција. Земјотрес со јачина од 4,7 степени денеска е регистриран во близина на островот Крит, објави атинскиот Национален институт за геодинамика.
Епицентарот бил на 95 километри западно од градот Палеохор, на длабочина од 12 километри, пренесува АНА. Во Грција секој ден има земјотреси, но со послаб интензитет. Неодамна имаше силни земјотреси во Лариса во Грција.