Земјоделците на Арачиново и Гази баба по трет пат го блокираат булеварот „Александар Македонски“ во Скопје. Бараат оштета за поплавите на 2018 година.
Земјоделецот Џемал Џемали раскажува за направените штети пред 3 години.
„Направи многу штети во 2018 година. Направи штета, имав јагоди, се беа уништено. Заборавивме веќе, измамувајќи не, денес, утре“, истакна Џемал Џемали.
Друг земјоделец раскажува дека поради поплавите изгубил договорот со компанија од Италија.
„Имав на четири места индустриска пиперка, со компанија од Италија имав договор за индустриската пиперка – 60 илјади кила..“
Организаторот на протестот, Аднан Хајрулахи вели дека побарале средба со сите политички лидери со цел да најдат решение за нивниот проблем.
„Ние земјоделците на Гази Баба и Арачиново како што кажавме од петок до вторник бараме средба со лидерите на политичките партии. До сега реализиравме средби со четири лидери, остана уште двајца за да ги образложиме барањата на земјоделците на Гази Баба и Арачиново“, истакна Аднан Хајрулахи.
На денешниот протест, како поддршка за земјоделците, присуствуваа и пратениците на коалицијата АА-ААА, Елми Азири и Сафије Садику. Земјоделците бараат оштета за земјоделските штети во 2016 и 2018 година од поројниот дожд и град. Советот на земјоделци изрази револт за негрижата на надлежните институции.