Минатата година нашата планета се вртела околу својата оска неколку милисекунди побрзо од просекот, поточно забележани се 28 најбрзи денови од далечната 1960 година.

Експретите велат дека ова не би треба да нè загрижува, бидејќи ротацијата на Земјата околу оската цело време малку варира затоа што на неа влијаат промените во атмосферскиот притисок, ветровите, океанските струи и движењето на јадрото.

Ваквото едвај забележливо зголемување или намалување на брзината може да биде непријатно само за оние кои се занимаваат со ултра-прецизни атомски часовници што го мерат Координираното универзално време (UTC), според кое ги поставуваме нашите часовници. Кога ротацијата на Земјата отстапува од UTC за повеќе од 0,4 секунди, UTC тогаш почнува да прави прилагодувања.

Од 1972 година, експертите приближно секоја година и половина додаваа престапна секунда.

Последното вакво прилагодување беше во 2016 година, кога една престапна секунда беше додадена на новогодишната ноќ во 23 часот, 59 минути и 59 секунди, пишува Live Science.

Но, минатата година работите се одвиваа поинаку и сега научниците размислуваат за прв пат да одземат една секунда од UTC. Имено, денот трае во просек 86.400 секунди, но астрономскиот ден во 2021 година ќе биде пократок за 0,05 милисекунди во просек. На крајот на годината, тоа би можело да биде заостанување од 19 милисекунди.

Астрономски гледано, Земјата минатата година 28 пати го срушила претходниот рекорд за најкраток астрономски ден поставен во 2005 година. Во текот на најкраткиот ден, 5 јули 2005 година, нашата планета се вртеше околу својата оска 0,0516 милисекунди побрзо од просечната 86.400 секунди. Најкраткиот ден во 2020 година беше 19 јули, кога планетата ја заврши својата ротација 1,4602 милисекунди побрзо од просекот.