Републичкиот сеизмолошки завод денеска регистрираше земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во регионот на Параќин.
Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, земјотресот е регистриран во 15:38 часот.
„Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво V од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат многу мали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје“, наведуваат од Републичкиот сеизмолошки завод.
Медиумите објавија дека потресите се почувствувале во Крушевац, Крагуевац и Сврљиг.
Текстот Земјотрес во регионот на Параќин е превземен од МАКФАКС.