Попладнево во близина на Неа Мудања на првиот крак на Халкидики регистриран е земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер.

Епицентарот бил во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а земјотресот бил почувствуван се до Солун, па и Бугарија. Нема информации за материјална штета или повредени лица.

По првиот, регистриран е уште еден потрес со помала јачина, односно 3,8 степени.