Украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела ќе земе учество преку видео линк на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, кога е планирано да има „специјално обраќање до учесниците“.
Тој ќе има онлајн средби и со извршните директори на компаниите кои учествуваат на форумот, изјави претседателот на СЕФ, Борге Бренде, пренесе Гардијан.
-Тоа се должи на најкомплицираната геополитичка и геоекономска ситуација во последните децении, рече Бренде.
Темата на годинашниот форум, што ќе се одржи меѓу 15 и 19 јануари на швајцарските Алпи, е „Обнова на довербата“, а друга важна тема ќе биде војната во Украина.
На форумот ќе присуствуваат бројни светски лидери и високи политичари, меѓу кои и израелскиот претседател Исак Херцог, новоизбраниот аргентински претседател Хавиер Милеј, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.