Војната во Украина може да заврши само со дипломатски средства, изјавил украинскиот претседател Володимир Зеленски. Крајот на конфликтот ќе биде дипломатски, рекол тој во интервју за украинската државна телевизија. Како што навел, војната ќе биде крвава, но дефинитивно ќе заврши на маса. Постојат работи кои можеме да ги постигнеме само на преговарачката маса. Сакаме се да биде како порано, што Русија не сака, рекол тој.