Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека за време на состанокот на лидерите на „Коалицијата на подготвените“ во Франција за поддршка на Украина, истакнал дека војната се уште трае и тоа само поради Русија, чија позиција е едноставна: продолжување на војната, продолжување на нападите и одложување на дипломатијата.
„Во моментов има американски предлози на маса, вклучувајќи го и оној за целосен и безусловен прекин на огнот. Се согласивме на тоа. Но, се разбира, Русија го отфрли и вметна еден куп глупости кои никој не ги побара“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.
Според него, истото важи и за идејата за прекин на огнот во Црното Море.