Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со видео порака утре ќе се обрати пред албанските народни избраници.
Првиот парламентарец Линдита Никола закажа посебна пленарна седница и даде налог на службите да ги преземат сите неопходни мерки и активности.
Украинскиот претседател во изминатите недели со видео пораки се обрати во порламентите на повеќе европски земји.
Албанија, како сојузник во НАТО, застана на страната на Украина, осудувајќи ја руската агресија и наметна санкции кон Русија.
Во земјата до сега пристигнати се околу 400 украински бегалци, меѓу кои и поголема група млади атлетичари. На сите им е дадена привремена заштита, според целосните законски одредби за азил.
Со посебна одлука на Владата украинските државјани имаат право да влезат и да останат во Албанија без дозвола за престој, во период од една година.