Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина покажала подготвеност за прекин на огнот и дека сега очекува одговор од Русија.

„Сè зависи од тоа дали Русија сака примирје и мир или сака да продолжи да убива луѓе“, рече Зеленски во говорот од Киев.

Неговите изјави доаѓаат откако Киев, по преговорите со САД, се согласи на 30-дневно примирје.

„Украина јасно ја кажа својата позиција. Денес Русија мора да одговори на тоа“, додаде тој.

Претходно Зеленски му испрати порака на Трамп.

„Сакаме да ставиме крај на оваа војна“, рече Зеленски. „И ние сакаме американскиот претседател да го види тоа. Сакам американскиот народ да го види и почувствува тоа“.

Зеленски нагласи дека сака да го искористи евентуалното 30-дневно примирје со Русија како можност за создавање постојан мировен план.

„Многу е важно да бидеме слушнати, за секој да има право да ги изразува и споделува клучните приоритетни прашања“, рече тој.

Тој додаде дека не слушнал ништо за наводната втора покана во Белата куќа за уште една средба со Доналд Трамп.

Претходно денеска Москва соопшти дека ќе го почека извештајот од американски официјални претставници пред да го коментира предлогот за прекин на огнот. Во меѓувреме, Вашингтон потврди дека денеска ќе разговара со Москва, според медиумите во светот.