Руските сили досега оштетија најмалку 59 духовни локации, изјави денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето виртуелно обраќање до учесниците на Форумот во Доха, јави Укринформ.

„Во текот на 31 ден од оваа војна, од руските удари се оштетени најмалку 59 згради со духовно значење. Тоа се џамии, цркви, верски и образовни институции“, рече украинскиот претседател.

Тој додаде дека за време на војната биле уништени или оштетени повеќе од двесте училишта и десетици болници, локации што руските војници намерно ги удираат бидејќи обичните цивили ги користат како засолниште.