Русија ќе биде поразена на ист начин како што беше поразен нацизмот во 1945 година, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Старото зло што го донесе модерна Русија ќе биде победено на ист начин како што беше поразен нацизмот, рече Зеленски по повод победата на сојузниците над нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна.
– Како што тогаш заедно уништувавме зло, така и сега заедно уништуваме слично зло. Ова зло, иако денес е различно, има иста цел: поробување или уништување, рече Зеленски во видеото, објавено на социјалните мрежи.
Video with English subtitles https://t.co/IvFHxUCBBl pic.twitter.com/aREtkNoKrV
— Oriannalyla 🇺🇦 (@Lyla_lilas) May 8, 2023
Зеленски го сними говорот пред големата воена парада во Москва, на која ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин
Ќе победиме!, рече Зеленски пред меморијалниот комплекс на Втората светска војна во Киев.