Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес ги посети војниците распоредени на Купјан и рече дека резултатите на фронтот се од клучно значење за Украина да постигне резултати на дипломатско ниво.
„Така функционира: силните позиции на терен значат силни позиции во разговорите за завршување на војната. Благодарност до секој војник“, рече Зеленски на Телеграм.
По тој повод, тој им го честиташе Денот на копнените сили на Украина на припадниците на вооружените сили.
Зеленски истакна дека украинските војници постигнуваат значајни резултати на Купјан и им се заблагодари на сите единици што учествуваат во борбите.
Фото: депозитфотос
Текстот Зеленски: Резултатите на фронтот се клучни за дипломатијата е превземен од МАКФАКС.























