Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги повика светските лидери да воведат санкции против рускиот претседател Владимир Путин.
„Тој сака да ја уништи нашата земја, се што изградивме“, рече Зеленски за Путин.
Во видео-пораката споделена на социјалните мрежи, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, истакна дека телефонски разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и тие почнале да формираат коалиција против Путин.
Нагласувајќи дека Путин и објави војна на Украина и на целиот демократски свет, Зленски рече: „Тој сака да ја уништи нашата земја и се што изградивме“.
Истакнувајќи дека тој ги повика светските лидери да ги спроведат сите можни санкции против Путин, да обезбедат воена помош за неговата земја и да го затворат украинскиот воздушен простор за Русија, Зеленски рече: „Заедно треба да ја спасиме Украина“.
Зеленски ја повика јавноста да не паничи, наведувајќи дека направиле се за да ја поддржат армијата.
Зеленски рече: „Заедно мораме да ја спасиме Украина, демократскиот свет.