Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша закон со кој се забранува негирање или оправдување на „руската агресија“ против Украина.

Документот за тоа предвидува кривична одговорност.

„Володимир Зеленски потпиша закон со кој се забранува производство и дистрибуција на информативни производи насочени кон промовирање на акциите на државата агресор“, се вели во соопштението на Комитетот за хуманитарна и информативна политика на Украина.

Во соопштението се посочува дека овој закон забранува оправдување и признавање на „агресијата на Руската Федерација врз Украина“ како легална, прикажувајќи ја како внатрешен украински или граѓански конфликт.

„Одговорноста за оправдување, признавањето како законски, негирањето на вооружената агресија на Руската Федерација против Украина и глорификацијата на нејзините учесници отсега ќе биде кривично дело“, се вели во соопштението на Комитетот.