„Подготвен сум со Путин да разговарам и за окупираните територии, иако знам дека тој проблем нема да се реши со еден состанок. Но, претходно Русија мора да прогласи примирје и да ги повлече трупите“, рече Зеленски.

Тој вели дека би било невозможно да се преговара за крај на војната во Украина без да се сретне со Владимир Путин. Признава дека на таква средба би се разговарало и за иднината на окупираните украински територии Крим и Донбас, но би требало повеќе време за да се реши тоа прашање.

Зеленски исто така повтори дека Украина веќе не се надева на членство во НАТО, на што Русија најмногу се противи.

„Сè додека не се сретнам со Владимир Путин, не можеме целосно да разбереме што се подготвени да направат за да ја запрат војната и што се подготвени да направат ако ние не сме спремни за овој или оној компромис“, изјави Зеленски.