Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео-порака во која ја одбележа победата над нацистичка Германија во Втората светска војна и рече дека неговата земја ќе победи во војната со Русија.
Зеленски, исто така, рече дека Украина нема да ѝ даде „ниту еден дел од земјата” на Русија.
-Се бориме за нова победа. Патот до неа е тежок, но не се сомневаме дека ќе победиме, истакна тој.