Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку Москва одржи референдуми за приклучување кон Русија во окупираните области на неговата земја, нема да има разговори со Украина или нејзините меѓународни сојузници. Зеленски во своето најново видео обраќање рече дека Украина цврсто се држи до својата позиција да не ѝ отстапува територија на Русија. „Ако окупаторите продолжат по патот на псевдо-референдуми, тие ќе ја затворат за себе секоја шанса за разговори со Украина и слободниот свет, што очигледно ќе и треба на руската страна во одреден момент“, рече тој.

Advertisements

Руските војници и сепаратистите поддржани од Москва сега држат големи територии во регионот на Донбас во источна Украина и во јужните области. Официјални лица инсталирани од Русија во двете области ја покренаа можноста за одржување референдуми за приклучување кон Русија. Руските и украинските власти одржаа неколку сесии на разговори во март, но беше постигнат мал напредок, при што секоја страна ја обвинува другата за прекин на контактите.

Прикажи повеќе