Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека потпишал официјално барање Украина да се приклучи на Европската унија.
„„Денеска ја потпишав апликацијата за членство на Украина во Европската унија. Сигурен сум дека е реално“, напиша Зеленски на facebook.
Зеленски побара од Европската унија да и дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура, во момент кога државата се брани од инвазија на руските сили.