Албанскиот премиер Еди Рама и украинскиот претседател Володимир Зеленски, попладнево имале телефонски разговор, во кој Зеленски му се заблагодарил за поддршката „во оваа тешка ситуација во која се наоѓа неговата земја и континуираната поддршка во Советот за безбедност на ОН“.
„Само што имав телефонски разговор со премиерот на Албанија, Еди Рама, за да му се заблагодарам за цврстиот став на Албанија против руската агресија врз Украина и за поддршката на нашата земја во Советот за безбедност на ОН, за политичката и одбрамбената поддршка од страна на Албанија“, напиша украинскиот претседател Зеленски на платформата Х, јавија албанските медиуми.
Додава дека Албанија учествувала на четвртиот состанок од „Мировна формула“ во Давос и оти „нашата сегашна задача е да го подготвиме „Глобалниот самит за мир“ и да го поддржиме „активното учество на нашите партнери, вклучително и Албанија“.
„Разговаравме и за начините за продлабочување на украинско-балканскиот дијалог, како и за унапредување на нашата одбранбена соработка. Ја истакнав важноста од продолжување и проширување на програмите за обука на украинските војници со учество на Албанија“, се наведува во пораката претседателот Зеленски.