Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е убеден дека Русија нема да може да ги скрши Украинците и покрај тоа што го тероризира цивилното население со беспилотни летала и ракети камикази.
Тој го изјави ова на Телеграм, коментирајќи ги ноќните и утринските воздушни напади врз украинските градови, пренесува Укринформ.
Цела ноќ и цело утро непријателот го тероризира цивилното население. Беспилотни летала и ракети „камикази“ ја напаѓаат цела Украина. Во Киев е погодена станбена зграда.
Непријателот може да ги напаѓа нашите градови, но нема да може да не скрши. Окупаторите ќе добијат само праведна казна и осуда на идните генерации. И ќе извојуваме победа, напиша Зеленски на Телеграм.