Во интервју за Еј Би Си, претседателот на Украина, Володомир Зеленски изјави дека Украина изгубила интерес за влез во НАТО.
Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Руската Федерација, изјави украинскиот претседател.
Тој, исто така, нагласи дека Украина нема за ништо „да го моли на колена” НАТО.
Запрашан за можноста за признавање на Крим и самопрогласените републики во Донбас, Зеленски одговори дека постои можност властите во Киев да разговараат и да најдат компромис за тоа како луѓето ќе продолжат да живеат таму.
– Можеме да размислиме и да најдеме компромис за тоа како ќе постојат окупираните територии и тие републики. Она што е важно за мене – како луѓето кои сакаат да бидат дел од Украина ќе живеат таму, истакна Зеленски на прашањето за можноста за признавање на Крим, како и за самопрогласените „Народна република Доњецк” и „Народна република Луганск”.