Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и му се заблагодари на тимот на светската организација за подготовката на планот вреден 435 милиони долари за зимата во Украина.
Зеленски и Гутереш, за време на онлајн средбата на платформата X, разговараа и за извозот на жито и за најновите настани на Блискиот Исток.
Зеленски нагласи дека активното учество на ОН во спроведувањето на украинската формула за мир и подготвеноста на организацијата да испрати свој претставник на следниот состанок на советниците од областа на безбедноста и дипломатијата се „многу важни“ за Украина.
„По состанокот на советниците во Џеда, важно е следниот да има не помал успех и да доведе до конкретни резултати. Затоа треба да ја задржиме поддршката од земјите од глобалниот југ. Украина се потпира на Обединетите нации за ова“, рече Зеленски.
Тој разговараше со Гутереш за особеностите на функционирањето на алтернативниот „коридор за жито“ низ Црното Море, како и за продолжување на иницијативата „Жито од Украина“.
Двајцата, исто така, се осврнаа на ситуацијата на Блискиот Исток и неопходните напори на полето на хуманитарната помош што треба да се обезбеди на цивилното население.