Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да го информира за американската помош за Украина, соопшти Белата куќа.
Разговорот траел околу еден час.
Зеленски на Твитер напиша дека разговарале за руските воени злосторства и се согласиле да се засилат санкциите против Русија. Тој исто така информира дека дискутирале за дополнителен пакет одбранбена и можна макрофинансиска помош за Украина.