Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одржаа 40-минутен телефонски разговор, на тема санкциите за Русија и американската одбранбена помош за Украина.
Според Белата куќа, двајцата лидери разговарале 40 минути.
По разговорот, Зеленски на Твитер напиша дека двајцата дискутирале за „зајакнување на санкциите, конкретна одбранбена помош и антивоена коалиција“.
Не беа откриени повеќе детали од повикот.