Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека во Романија ќе биде формиран центар за обука на украински пилоти на повеќенаменски ловци Ф16.

– Постои исклучително важна одлука за обука на пилотите на Ф16 во Романија, каде што се гради центар за таа цел, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис во Букурешт.

Јас и господинот претседател (Јоханис) разговаравме како да се забрза таквата обука и се договоривме дека украинските пилоти ќе бидат вклучени во првиот бран обука.

Како што беше соопштено на крајот на август, секретарот за печат на Пентагон, Патрик Рајдер, рече дека САД ќе започнат со обука на украински пилоти и техничари на авиони Ф-16 во базата на националната гарда Морис.

ЕУ создава центар за обука на пилоти Ф-16 во Романија, а Холандија ќе ги обезбеди борбените авиони.