Претседателот на Украина, Володимир Зеленски доцна синоќа доживеал сообраќајна несреќа. Видео од настанот се прошири низ социјалните мрежи, а потоа и од неговиот кабинет ја потврдија веста. Несреќата се случила во Киев, во време кога Зеленски се враќал од регионот на Харков каде беше во посета на војниците по освојувањето на градот Изјум.

Во претседателскиот автомобил се удрило патничко возило, но за среќа никој не бил сериозно повреден. Во тимот на Зеленски имало и амбулантно возило кое застанало и му помогнале на повредениот возач од приватното возило, по што бил пренесенн и во болница.

Од кабинетот на Зеленски јавија дека детално се истражуваат причините за сообраќајната несреќа.

Сепак, Зеленски подоцна си се обрати во видео обраќање, како и секоја вечер.