Руските сили, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, целосно го уништиле источниот регион Донбас. Во својата ноќна видео порака, Зеленски ја обвини Москва дека бесмислено бомбардира додека офанзивата се интензивира. „Во Донбас, окупаторите се обидуваат да го зголемат притисокот. Таму е пекол и ова не е претерување“, додаде Зеленски.
Според гувернерот на регионот Луганск, Серхиј Гајдај, во руското бомбардирање во изминатите 24 часа загинале 13 лица, најголемиот дел во градот Сјеверодоњецк.
„Противникот е во офанзива во делот на Лисичанск и Сјеверодоњецк“, соопшти украинскиот Генералштаб и додаде дека украинските сили го одбиле нападот во Сјеверодоњецк. Борби се водат и во неколку места на граничната линија помеѓу регионите Луганск и Доњецк.