Украинските сили постепено напредуваат кон регионот Херсон, што е окупиран од Русија уште од почетокот на инвазијата врз Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата.
-Окупаторите се обидоа да воспостават упориште таму, но колку тоа им помогна? Украинските вооружени сили напредуваат чекор по чекор кон таа област, рече Зеленски.
Руската армија на почетокот на март ја окупираше областа Херсон, со напад што го почна од анектираниот Крим.